На 13.12.2025 година во Струмица, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, се одржаа седмото и осмото коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност, при што беа постигнати следните резултати:
Седмо коло
КСРИ Битола : КСРИ Прилеп 1:3
КСРИ Куманово : КСРИ Струмица 3:0
КСРИ Кисела Вода : КСРИ Гевгелија 3:0
Осмо коло
КСРИ Прилеп : КСРИ Кисела Вода 3:0 (службено)
КСРИ Гевгелија : КСРИ Куманово 0:3 (службено)
КСРИ Струмица : КСРИ Битола 3:1
Следните и последни деветто и десетто коло ќе се одиграат на 14.12.2025 година во Струмица со почеток во 10 часот во спортската сала на ООУ Маршал Тито.
Парови за деветто и десетто коло ќе бидат:
Деветто коло
КСРИ Струмица : КСРИ Прилеп
КСРИ Битола : КСРИ Гевгелија
КСРИ Куманово : КСРИ Кисела Вода
Десетто коло
КСРИ Прилеп : КСРИ Куманово
КСРИ Кисела Вода : КСРИ Битола
КСРИ Гевгелија : КСРИ Струмица
Во прилог моменталната табела после одиграни 8 кола, распоредот на натпревари со датуми и записници од натпреваарите од 7 и 8 коло.
Напомена:
За победа се добиваат 3 бодови, за пораз се добива 1 бод.
Распоредот на бодовната таблица се прави согласно освоените бодови. Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови предност има екипата со поголема позитивна сет разлика, освен во случај при составување на конечната табела по завршувањето на сезоната 2025. При рангирањето на конечната табела доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, како предност се смета меѓусебниот скор во победи а ако и тоа е исто се смета скорот во меѓусебни сетови, доколку и тоа е исто подобра е онаа екипа која успеала да добие повеќе севкупен број на индивидуални поени во меѓусебниот дуел. Доколку и тоа е исто подобра е онаа екипа кој има поголема позитивна поен разлика во меѓусебните индивидуални дуели а доколку и тоа е исто се смета позитивната поен разлика на екипата во текот на целата лига вклучувајќи ги и поените добиени со сите останати екипи. Доколку и тоа е исто и се работи за екипи кои треба да решаваат кој да биде добитник на еден од трите медали, се игра решавачка утакмица на наеутрален терен или по договор на засегнатите екипи. Во случај да не можат да се договорат екипите каде ќе се игра решавачката утакмица решава комесарот кој одлучува за терен кој е неутрален а екипите немаат право на приговор.


Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”
ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2025”