Македонските пингпонгари: Страшко Коцевски, Зоран Трајановски, Рубинчо Ристески и Игорчо Постолов, од 28-30.07.2023 година, на покана на „Nikea Para Sport Club – Varna“, учествуваа на Меѓународното првенство во пара пинг-понг „Varna Seagull Cup“ кој се одржа во Варна, Бугарија, на кој учество зедоа и пинг-понгари од: Романија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и домаќинот Бугарија.
Првенството беше организирано од „Nikea Para Sport Club – Варна“, со поддршка од Бугарската параолимписка асоцијација и општината Варна, а натпреварите по поединечни класи се одржаа во центарот за спортски подготовки на Бугарија во Варна (Спорт Палас).
Најдобар успех оствари нашиот пинг понгар Игорчо Постолов од Струмица, кој настапи во класа 6, и во конкуренција на 5 натпреварувачи го освои првото место. Честитки за Игорчо и постигнатиот успех.
Рубинчо Ристески од Прилеп настапи во класа 8 и во конкуренција на 6 натпреварувачи го освои петтото место.
Зоран Трајановски од Скопје во класа 10 во конкуренција на 12 натпреварувачи го освои деветтото место.
Страшко Коцевски од Куманово во класа 10 во конкуренција на 12 натпреварувачи го освои десеттото место.

Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”