Екипата на Мобилност Македонија во состав: Јанчо Ѓорѓевски, Горан Војновски и Александар Стојчески, на 15.04.2026 година настапи на меѓународниот турнир во шах во Семич, Словенија, и во конкуренција на пет екипи убедливо го освои првото место. Турнирот се играше двокружно, што значи дека нашите шахисти извојуваа осум победи.
На второто место се пласира екипата на Словенија 2, а на третото Словенија 1.
Поред пехарот за прво место кој градоначалничката на општина Семич го додели на капитенот на Мобилност Македонија, организаторот му додели пехар и на најмладиот шахист, нашиот Александар Стојчески, кој извојува максимални осум победи од осум партии на третата табла. Исто толку победи на втората табла извојува Горан Војновски, додека Јанчо Ѓорѓевски на првата тавла освои 6,5 поени од осум можни.

Поврзани објави
АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2026 НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДИСКВАЛИФИКУВАН ПО ПРВОТО ВОЗЕЊЕ ВО СЛАЛОМ И НЕ ЗАБЕЛЕЖА ПЛАСМАН НА ЗИМСКИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ МИЛАНО КОРТИНА 2026