Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри во Париз 28.08-08.09.2024 година.
Аплициравме за бипартитна карта за Александар Јовановски, но за жал комисијата не ни ја додели, а одлуката беше донесена на 09.07.2024 година.
Како и да е, благодарение на грантот од ИПЦ за 2024 година, и двајцата стрелци успешно завршија уште едни подготовки, резултатите на Оливера се во нагорна линија, не очекува уште многу работа, тренинзи и уште едни завршни подготовки пред заминување за Париз заради темпирање на формата.

Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”