fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПО ОДИГРАНИ 6 КОЛА, ЕКИПАТА НА КСРИ КУМАНОВО ПРВА НА ТАБЕЛАТА ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2025

На 22.11.2025 година во Скопје, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија и Клубот за СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИ Куманово, се одржаа петтото и шестото коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност, при што беа постигнати следните резултати:
Петто коло:
КСРИ Куманово : КСРИ Прилеп 3:2
КСРИ Битола : КСРИ Кисела Вода 0:3 (службено)
КСРИ Струмица : КСРИ Гевгелија 3:0
Шесто коло
КСРИ Гевгелија : КСРИ Прилеп 0:3
КСРИ Струмица : КСРИ Кисела Вода 3:0
КСРИ Битола : КСРИ Куманово 0:3 (службено)
Следните седмо и осмо коло ќе се одиграат на 13.12.2025 година во Струмица, додека последните две кола односно 9 и 10 коло ќе се одиграат на 14.12.2025 година (поместувањето на термините и одложување на предвидените термини од календарот за лига натпреварите закажани за 29.11.2025 и 06.12.2025 се од причина што заради обврски на репрезентативците во пинг понг односно тие ќе имаат учество на меѓународни натпревари на предвидените термини за лига натпреварите кои се одложуваат). Местото на одржување за 9 и 10 коло ќе се определи дополнително.
Парови за седмо и осмо коло ќе бидат:
Седмо коло
КСРИ Битола : КСРИ Прилеп
КСРИ Куманово : КСРИ Струмица
КСРИ Кисела Вода : КСРИ Гевгелија
Осмо коло
КСРИ Прилеп : КСРИ Кисела Вода
КСРИ Гевгелија : КСРИ Куманово
КСРИ Струмица : КСРИ Битола
Во прилог моменталната табела после одиграни 6 кола, распоредот на натпревари со датуми и записници од натпреваарите од 5 и 6 коло.
Напомена:
За победа се добиваат 3 бодови, за пораз се добива 1 бод.
Распоредот на бодовната таблица се прави согласно освоените бодови. Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови предност има екипата со поголема позитивна сет разлика, освен во случај при составување на конечната табела по завршувањето на сезоната 2025. При рангирањето на конечната табела доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, како предност се смета меѓусебниот скор во победи а ако и тоа е исто се смета скорот во меѓусебни сетови, доколку и тоа е исто подобра е онаа екипа која успеала да добие повеќе севкупен број на индивидуални поени во меѓусебниот дуел. Доколку и тоа е исто подобра е онаа екипа кој има поголема позитивна поен разлика во меѓусебните индивидуални дуели а доколку и тоа е исто се смета позитивната поен разлика на екипата во текот на целата лига вклучувајќи ги и поените добиени со сите останати екипи. Доколку и тоа е исто и се работи за екипи кои треба да решаваат кој да биде добитник на еден од трите медали, се игра решавачка утакмица на наеутрален терен или по договор на засегнатите екипи. Во случај да не можат да се договорат екипите каде ќе се игра решавачката утакмица решава комесарот кој одлучува за терен кој е неутрален а екипите немаат право на приговор.