Единствениот македонски спортист на Зимските параолимписки игри Милано Кортина 2026 година, Зоран Јовановски од с. Ангелци, Струмица, кој учеството на игрите го оствари со добиена вајлд карта – директна покана од ИПЦ, денес настапи на игрите во дисциплината Слалом – мажи седење и по извозената прва трка беше дисквалификуван.
Зоран настапи во првото возење како 85-ти, претпоследен во трката, бидејќи на игрите на патеката како први стартуваат натпреварувачите со оштетен вид, потоа натпреварувачите во стоечка конкуренција и на крај натпреварувачите во седечка конкуренција.
Во категоријата на Зоран Јовановски настапија вкупно 34 натпреварувачи, од кои 22 ја завршија трката, 11 испаднаа од трката, а нашиот Зоран со заостанување од 48,31 секунди зад првопласираниот, со остварен резултат од 1:33,58 , беше пласиран на последното 23-то место, меѓутоа непосредно по објавениот резултат, за жал Зоран Јовановски беше дисквалификуван заради промашена капија, на само неколку капии пред целта.
Со тоа заврши настапот на игрите на нашиот тим без остварен пласман, меѓутоа побогати за уште едно искуство.
Вечерва, со почеток во 20:30 во Карлинг салата во Кортина ќе се одржи церемонијата на свеченото затворање на игрите, а нашата делегација се враќа во државата на 17.03.2026 година во попладневните часови.


Поврзани објави
ПРВ ТРЕНИНГ НА ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ НА ПАРАОЛИМПИСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО КОРТИНА
ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ И ДЕФИНИТИВНО Е УЧЕСНИК НА ЗИМСКИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ МИЛАНО КОРТИНА 2026
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА