На 24-ти и 25-ти ноември во Скопје беше одржана регионалната конференција „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтерство за одржлив развој на Балканот“,,
За време на третиот панел од оваа конференција: „Од настани до секојдневие: волонтерски улоги во спортот кои ги поврзуваат генерациите беше претставен и проектот VIEWS – Volunteering for Inclusion and Empowerment with Sports, Еразмус+ проект чија цел е да го намали јазот во спроведување на инклузивни волонтерски програми во „редовните“ спортски организации/клубови и да ги поттикне лицата со попреченост да станат активни волонтери и пример за другите.
Со претставувањето на VIEWS на конференцијата, го истакнуваме потенцијалот на спортот и волонтерството да создаваат инклузивни заедници каде што и младите и сениорите – со и без попреченост – имаат простор да придонесуваат, да учат и да растат заедно.


Поврзани објави
Втор информативен билтен за VIEWS
ВТОР ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ ВО ПРОЕКТОТ VIEWS
ЕНДРЈУ ПАРСОНС РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИПЦ