Македонскиот параолимписки тим денеска беше во посета на македонската амбасада во Париз.
Бевме љубезно примени од страна на Рефет Хајдари – вршител на должност амбасадор, Африм Јашари – советник и Новица Стојановски – аташе за одбрана, во една пријатна атмосфера дискутиравме за нашите настапи, за импресиите од Париз, а исто така и не запознаа со тековните дипломатско – конзуларни работи на амбасадата.
Голема благодарност до Драги Новески, возач во амбасадата, кој ни овозможи да го разгледаме Париз и да се фотографираме пред неколку знаменитости.

Поврзани објави
Трет информативен билтен за VIEWS
АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2026 НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА