fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ ШАХИСТИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ГО ОСВОИЈА 24-ТО МЕСТО НА 2nd FIDE CHESS OLYMPIAD FOR PEOPLE WITH DISABILITIES

Македонските шахисти со попреченост, Жарко Селковски, Зоран Костадиновски, Јанчо Ѓорѓевски и Марија Арсова, од 19-26.10.2025 година учествуваат на 2nd FIDE Chess Olympiad for People with Disabilities во Астана, Казахстан.

Репрезентацијата на Македонија беше составена од страна на Шаховската федерација на Македонија, која е членка на ФИДЕ, кој пак е организатор на втората олимпијада за шахисти со попреченост. Делегацијата брои 6 членови, од кои 4 натпреварувачи, еден асистент и еден тим лидер.

На шампионатот учествуваат 34 репрезентации, а нашиот тим според рејтинг на почетокот беше на 26 место со просечни 1779 рејтинг поени. Според рејтинг, најсилна е екипата на Полска со 2.296 поени, а следуваат екипите на Израел со 2.189 и ФИДЕ 1 со 2.176 поени.

На 20.10.2025 година, со почеток во 15:00 часот, се одигра првото коло во кое нашиот тим се натпреваруваше против екипата на Чешка, со кои одигравме нерешено 2:2 и го освоивме првиот бод кој во моментов не позиционира на делба на 16-то место. Победи извојуваа Зоран Костадиновски (со бели фигури) на втора табла и Јанчо Ѓорѓевски (цо црни фигури) на трета табла, додека поразени беа Жарко Селковски (со црни фигури) на првата табла и Марија Арсова (со бели фигури) на четвртата табла (жени).
На 21.10.2025 година се играше второто коло во кое нашата екипа се сретна со Меѓународниот тим на глуви и наглуви (ICCD), кои имаат рејтинг од 1.781, нешто послаб од рејтингот на нашиот тим. Победа од 3:1 извојува Меѓународниот тим на глуви и наглуви (ICCD), Жарко Селковски и Марија Арсова ги загубија дуелите со своите противници, додека Зоран Костадиновски и Јанчо Ѓорѓевски ремизираа со своите противници. По завршување на второто коло, Македонија се наоѓа на 25-тото место со 1 поен.
На 22.10.2025 година, се играше третото коло, нашиот тим се состана со втората екипа на Казахстан (рејтинг 1.884 поени) и загуби со резултат 3,5:0,5. Единственоремизираше Зоран Костадиновски на втората табла. По третото коло Македонија со 1 освоен поен се наоѓа на 29-то место од 34 екипи.
На 23.10.2025 година во четвртото коло се сретнавме со екипата на Кенија, и ја извојувавме првата победа на шампионатот со резултат од 2,5:1,5. Победи за нашиот тим остварија Зоран Костадиновски на втората табла и Јанчо Ѓорѓевски на третата табла, Жарко Селковски ремизираше на првата табла, а Марија Арсова го забележа четвртиот пораз. По четвртото коло нашиот тим се наоѓа на 25-то место со освоени 3 поени.
На 24.10.2025 македонскиот тим извојува нова победа, овој пат против екипата на Аргентина (рејтинг 1998) со резултат од 2,5 : 1,5. На првата табла, Жарко Селковски ремизираше, Зоран Костадиновски и Јанчо Ѓеоѓевски ги победија своите противници, додека Марија Арсова ја забележа петтиот пораз во низа. По завршување на петтото,претпоследно коло, Македонија се наоѓа на 20-то место со освоени 5 поени. Поединечно, најдобро пласиран е Зоран Костадиновски на втората табла кој со освоени 4 поени од 5 партии се наоѓа во борба за медал, моментално е на петтата позиција. Јанчо Ѓорѓевски со освоени 3,5 од можни 5 поени се наоѓа на седмото место на трета табла. иИ двајцата,со победи вопоследното коло имаат шанси да се вмешаат во поделба на медалите по табли.
На 25.10.2025 година се играше последното коло. Нашата репрезентација се состана со екипата на Унгарија (рејтинг 2057 поени) и загуби со 3,5:0,5.Единствено ремизираше Јанчо Ѓорѓевски на третата табла, додека останатите наши натпреварувачи претрпеа порази од своите противници.
По одигрување на последното коло, репрезентацијата на Македонија се пласира на конечното 24-то место (две погоре од стартниот рејтинг).
Поединечно, најдобар пласман оствари Јанчо Ѓорѓевски освојувајќи го деветтото место на третата табла со 4 поени од 6 партии, подобрувајќи го својот стартен рејтинг за дополнителни 41 поени.
Зоран Костадиновски на втората табла го освои десеттото место исто така со 4 поени од 6 партии подобрувајќи го својот стартен рејтинг за дополнителни 16 поени, Жарко Селковски на првата табла освои 1 поен од 6 партии и го освои дваесет и шестото место и загуби 23 рејтинг поени, додека Марија Арсова со пораз во сите кола и без освоен поен заврши на дваесет и третото место загубувајќи 92 рејтинг поени.