Македонската репрезентација во пара пинг понг во состав: Страшко Коцевски – тренер и селектор, Игорчо Постолов – класа 6, Марјан Зафировски – класа 7, Рубинчо Ристески – класа 8, Тони Митровски – класа 8, Небојша Ташиќ – класа 9 и Зоран Трајановски – класа 10, од 04-07.12.2024 година во Подгорица, Црна Гора, учествува на меѓународниот турнир во пара пинг понг “Подгорица 2025”, на кој учествуваат натпреварувачи од 6 држави: Црна Гора, Србија, Хрватска, Македонија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Првиот натпреварувачки ден се играше поединечно по групи и по категорија на оштетување. Најдобар пласман од нашите натпреварувачи имаше Игорчо Постолов кој во споени класи 6-7, со две победи и еден пораз ја помина групата како второпласиран и во четвртфиналето вкрсти со босанскиот натпреварувач Едиб Шахман, од кого го загуби натпреварот и не успеа да освои медал.
Останатите наши натпреварувачи не ги поминаа натпреварите во групната фаза.


Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2025”