На 14.12.2025 година во Струмица, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија (НФСРИСМ-ПКСМ), се одржаа деветтото и десеттото коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност, со што лигата во пинг-понг за лица со инвалидност заврши за сезоната 2025.
Постигнати беа следните резултати:
Деветто коло
КСРИ Струмица : КСРИ Прилеп 2:3
КСРИ Битола : КСРИ Гевгелија 2:3
КСРИ Куманово : КСРИ Кисела Вода 3:2
Десетто коло
КСРИ Прилеп : КСРИ Куманово 3:2
КСРИ Кисела Вода : КСРИ Битола 3:1
КСРИ Гевгелија : КСРИ Струмица 0:3
Според постигнатите резултати, ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ за 2025 година е екипата на КСРИ Куманово.
– Во прилог конечната табела после одиграни 10 кола, распоредот на натпревари со датуми и записници од натпреваарите од 9 и 10 коло.
– Конечна табела за индивидуалниот пласман на играчите во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност , сезона 2025.
Напомена:
Во однос на екипите на конечната табела кои се со ист број на бодови, предност има екипата која е подобра во меѓусебниот дуел со другата екипа со ист број на бодови.
Лига натпреварите беа финансирани од средствата кои ги добија клубовите од Министерството за спорт.
Благодарност до НФСРИСМ-ПКСМ за успешната организација на овие лига натпревари.
Благодарност за Комесарот на лигата Драган Дојчиновски за својата посветеност во работата.
Благодарност до ангажираните технички лица – судиите, кои си ја завршија одлично работата во текот на целата сезона на лигата.
Благодарност и до Зоки Таневски за изготвувањето на електронскиот записник за лига натпреварите.
Благодарност до раководителите и директорите на училиштата и спортските сали низ градовите но и пинг-понгарските клубови членки на Пинг-понгарската федерација на Северна Македонија (ППК Младост 96, ППК Пелагонија, ППК Астраион) кои ни излегоја во пресрет за отстапување на спортските сали без надокнада.
**** ЧЕСТИТКИ ЗА ЕКИПАТА НА КСРИ – КУМАНОВО ****


Поврзани објави
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”
ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2025”