На 15.06.2022 година, претседателот на Параолимпискиот комитет, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар, Драган Дојчиноски остварија работен состанок со претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Бранко Грегановиќ, и Војан Андоновски-самостоен координатор во продажна мрежа на банката.
На состанокот беа елаборирани досегашните активности во врска со иницијативата за воведување на спортот кошарка во колички на програмата на комитетот, и беа договорени следните краткорочни цели, како што се:
– дефинирање на моделот на количките за кошарка кои треба да се набават од страна на донаторите,
– дефинирање на производителот од кого ќе се набават истите,
– изработка на нацрт годишен план на потребни средства за спроведување на тренажен процес,
– донесување на одлука од страна на комитетот за отворање на наменска жиро сметка за потребите на овој спорт.
Беше договорено до крајот на месец јуни да се организира состанок со донаторите за донесување на конкретни одлуки и преземање на чекори за реализација на договореното.

Поврзани објави
АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2026 НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
ВО ДАБЛИН ОДРЖАН ТРЕТИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК НА ПРОЕКТОТ VIEWS