Денес на програмата на “Подгорица Опен 2024” беа екипните натпревари.
Во класа 6-7 учествуваа 5 екипи и нашите пингпонгари Игорчо Постолов и Марјан Зафировски со две победи и два порази го освоија третото место и бронзениот медал.
Во класа 8-10 настапија Рубинчо Ристески и Тони Митровски кои во конкуренција на 12 екипи поделени во две групи од по шест екипи, во групата “А” го освоија четвртото место и со самото тоа не успеаја да се пласираат во натамошните борби.
Поврзани објави
МЕЃУНАРОДЕН ПАРААТЛЕТСКИ МИТИНГ “ЗАГРЕБ ОПЕН 2025”
33. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА СПИКС, ВРЊАЧКА БАЊА
УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА АТЛЕТИЧАРИ НА МИТИНГОТ ВО КРУШЕВАЦ