Репрезентацијата на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија во пара атлетика во состав: Крсто Серафимовски-селектор, Дарко Спировски-класа Ф44, Златко Арсовски-класа Ф55, Никола Пеев-класа Ф36, Елена Давитковска-класа Ф56, Бранимир Јовановски-тим лидер, и Драган Дојчиноски-асистент, од 08-10.05.2026 година учествуваше на Отворено првенство на Србија во пара атлетика „Србија Опен 2026“, што се одржа во Крушевац, Србија.
На првенството настапија натпреварувачи од 7 држави и тоа од: Србија, Северна Македонија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Хрватска, и Босна и Херцеговина.
Нашите спортисти ги постигнаа следните резултати и пласмани:
–Дарко Спировски од Битола, класа Ф44: копје 23,04 (3 место), ѓуле 7,33м (5 место), диск 20,72 (6 место);
–Златко Арсовски од Делчево, класа Ф55: копје 14,93 (3 место), ѓуле 5,79м (5 место), диск 14,99 (11 место);
–Никола Пеев од Гевгелија, класа Ф36: копје 22,93 (4 место), ѓуле 7,58 (4 место), диск 24,20 (5 место);
–Елена Давитковска од Куманово, класа Ф56: диск 11,69 (4 место), ѓуле 5.13м (5 место), копје 10,44 (5 место);
Средства за учество на овој натпревар се обезбедени од Министерство за спорт и Министерство за социјална политика, демографија и млади

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА