Во рамките на одлуката на Владата на Република Македонија за стипендирање на 500 млади и надежни спортисти, НФСРИМ-МПК се избори и годинава петнаесет млади спортисти со инвалидност во 2010/2011 година да примаат спортска стипендија во износ од 20% од просечната месечна плата во РМ.
Спортистите потпишаа Договори со Агенцијата за млади и спорт, а на 23.12.2010 година во просториите на Македонската опера и балет, се одржа свечено врачување на Дипломите на спортистите од страна на Министерот за образование г-дин Никола Тодоров и директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Диме Спасов.

Поврзани објави
Информативен билтен од проектот VIEWS
РАБОТЕН СОСТАНОК СО МЕНАЏЕРИТЕ НА ПРОЕКТОТ VIEWS
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, ЕНДРЈУ ПАРСОНС (ANDREW PARSONS), ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ