Фудбалскиот (футсал) тим на Мобилност Македонија одигра фудбалски натпревар во Кратово со ветераните на Силекс, во спомен на нашиот прерано починат член, активист и фудбалер Горан Трајчев.
Тимот го посети неговото вечно почивалиште, положи цвеќе, а потоа беше одигран натпревар кој заврши со нерешен резултат 5:5, иако резултатот беше во втор план.
Оддавањето почит на прерано починатиот пријател и неговото семејство, беше силен мотив за неговите колеги и наши членови, да тргнат од различни градови од нашата мила Македонија и да се соберат во Кратово за да му оддадат последна почит на прерано починатиот другар.
Почивај во мир Горан Трајчев, секогаш ќе живееш во нашите срца.


Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО ГО ОРГАНИЗИРАШЕ 5. МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2026”
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ПРВО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА 18. МЕЃУНАРОДЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО БАЊА ЛУКА