fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

КСРИ КУМАНОВО ГО ОРГАНИЗИРАШЕ 5. МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2026”

Клубот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово (КСРИ Куманово), на 10.10.2026 година, во спортската сала на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, со почеток во 10:00 часот под покровителство на Општина Куманово, го организираше петтиот Меѓународен турнир во пара пинг понг „Куманово 2026“, во чест на одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.
На натпреварот учествуваа 24 натпреварувачи од: Македонија, Чешка, Бугарија, Србија и Црна Гора.
На турнирот беа постигнати следните резултати и пласмани:
Во споени класи 6-7, во конкуренција на 6 натпреварувачи:
1. Милан Антиќ, Србија;
2. Пјетро Паљушевиќ, Црна Гора;
3. Ѓуро Кривокапиќ, Црна Гора и
3. Михал Казда, Чешка.
Во класа 8 во конкуренција на 6 натпреварувачи:
1. Јордан Митев, Бугарија
2. Миљан Церовиќ, Црна Гора;
3. Рубинчо Ристески, Македонија и
3. Дарко Анѓелковиќ, Србија.
Во споени класи 9-10 во конкуренција на 12 натпреварувачи:
1. Небојша Китиќ, Србија;
2. Урош Танасиќ, Србија;
3. Дејан Башановиќ, Црна Гора и
3. Владимир Куниќ, Србија.
Средства за организација на овој меѓународен спортско инклузивен настан под покровитњлство на Општина Куманово во рамките на активностите за одбележување на “11 Октомври” беа обезбедени од: Општински сојуз на спортови Куманово, Федерација “Спорт за сите” и Министерство за спорт.