Во Прилеп, на ден 03.10.2026 година, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија и Клубот за СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИ Прилеп беа одржани петтото и шестото коло од лигата во пинг – понг за лица со инвалидност.
Во прилог се постигнатите резултати и моменталната табела после одиграни 6 кола.
Следните , седмо и осмо коло ќе се одиграат на 24.10.2026 година во Куманово.
НАПОМЕНА:
При составувањето на табелата во текот на одигрувањето на сите кола во случај на ист број бодови предност има екипата која има подобра сет разлика. Додека на конечната табела после завршувањето на десеттото коло доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, за подобра екипа се смета онаа екипа која има подобра сет разлика од меѓусебните дуели а по потреба се сметаат и вкупните поени.

Поврзани објави
МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА СО ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК СИЛЕКС, ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ТРАЈЧЕВ
КСРИ КУМАНОВО ГО ОРГАНИЗИРАШЕ 5. МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2026”
ПРВО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА 18. МЕЃУНАРОДЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО БАЊА ЛУКА