fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПРВО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА 18. МЕЃУНАРОДЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО БАЊА ЛУКА

Шаховската репрезентација на Мобилност Македонија во состав: Горан Војновски на прва табла, Јанчо Ѓорѓевски на втора табла и Даниел Нунески на трета табла, го освоија 1-то место и големиот пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир во Бања Лука, во конкуренција на 6 екипи од регионот и тоа: Македонија, Федерација БиХ, Република Српска I, Србија, Република Српска II и Словенија.
Оваа година борбата беше исклучително изедначена, репрезентациите на Македонија и Федерација БиХ до крај по одиграни 5 кола беа потполно изедначени во се, и во бодови, и во освоени поени… така да на крај, согласно пропозициите на натпреварот, одлучуваше жребка. Нашиот капитен, Јанчо Ѓорѓевски имаше среќна рака и ја донесе победата и големиот пехар за Мобилност Македонија.
Средства за учество на овој меѓународен натпревар беа обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.