Репрезентацијата на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија во пара пинг понг, во состав: Страшко Коцевски-селектор, Рубинчо Ристески-класа 8, Тони Митровски-класа 8, Марјан Зафировски-класа 7, и јуниорот Огнен Илиески-класа 10, од 07-11.06.2026 година учествуваа на Балканското првенство во пара пинг понг.
На турнирот учествуваа спортисти од 9 држави.
Од нашите спортисти најдобар пласман постигна Рубинчо Ристески во класа 8, кој како второпласиран (со една победа и еден пораз), ја помина групата но за жал загуби во четвртфиналето од репрезентативецот на Србија, со што ја загуби можноста да се пласира во полуфиналето и да се закити со медал.
Останатите наши спортисти постигнаа по една победа, но и по три порази во своите групи и борбите ги завршија во групната фаза без можност за настап во четвртфинале.
Денес, во разигрувањето на двојки, (Ристески-Зафировски и Илиески-Митровски) загубија по две борби во своите групи, со што го завршија настапот на Балканското првенство.
Средства за настап на нашите спортисти на овој натпревар беа обезбедени од Министерство за спорт и од Министерство за социјална политика, демографија и млади.


Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР НА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО НИШ, СРБИЈА
МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА СО ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК СИЛЕКС, ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ТРАЈЧЕВ