На 16.03.2024 година на стелиштето во Битола, во организација на Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ), се одржа Државно првенство со воздушно оружје меѓународна програма, на кое Оливера Наковска Бикова настапи како членка на СК Работнички, и по кој знае кој пат, го освои златниот медал и титулата шампион на Македонија, овојпат за 2024 година, со резултат од 561 круг (92, 93, 98, 92, 92, 94). Второто место го освои Маја Чешелкоска од СК Прилеп со 528 кругови, а третото Вероника Велковска од СК Стрелец, со резултат од 527 кругови.
Честитки за постигнатиот успех на Оливера, а овој натпревар беше дел од Програма за подготовки за што поуспешен настап на Параолимписките игри во Париз 2024.
На првенството за СК Работнички настапи и нашиот кандидат за ПОИ, Александар Јовановски (вон конкуренција), но стрелаше далеку под своите можности, скромни 529 кругови (87, 86, 87, 90, 91, 88).

Поврзани објави
АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2026 НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
ПРВО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ШАХ “СЕМИЧ 2026”