На 20.03.2021 година, на воздушното стрелиште во Битола, во организација на Македонската спортска стрелачка федерација, се одржа Државното првенство на Македонија со воздушно оружје на кое во дисциплината воздушен пиштол настапи и македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова освојувајќи го првото место со резултат од 565 кругови (94, 90, 92, 97, 94, 98).
Ова е прв настап на Оливера после подолга пауза и дел од планираните активности за што поуспешни подготовки за настап на Параолимписките игри во Токио годинава.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА