fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР НА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО НИШ, СРБИЈА

Македонската репрезентација во пара пинг понг во состав: Страшко Коцевски- селектор и тренер, Рубинчо Ристески – класа 8, Огнен Илиески – класа 9, Марјан Зафировски – класа 7, Андреј Насковски – класа 9, Небојша Ташиќ – класа 9, Зоран Трајановски – класа 10, Митко Сотировски – класа 10 и Драган Дојчиноски – тим лидер и асистент, од 16-19.10.2026 година учествуваат на Меѓународниот турнир на пријателство “Ниш 2026”.
На турнирот учествуваат 80 спортисти од 6 држави: Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Полска и Романија.
Натпреварите во индивидуална конкуренција се на програмата на 17.10.2026 година од 09:00 часот, додека натпреварите во парови се на програм на 18.10.2026 година.