fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МЕЃУНАРОДЕН ПАРА ПИНГ ПОНГ ТУРНИР “Varna Seagull Cup 2026”

Македонската репрезентација во пара пинг понг во состав кој го определи Страшко Коцевски – тренер и селектор на репрезентацијата: Митко Сотировски- класа 10, Огнен Илиески – класа 10, Небојша Ташиќ – класа 9, Рубинчо Ристески – класа 8 и Тони Митровски – класа 8, од 22-24.05.2026 година учествуваа на меѓународниот пара пинг понг турнир “Varna Seagull Cup 2026” во Варна, Бугарија.

На натпреварот учествуваат спортисти од: Македонија, Бугарија, Србија, Романија и Црна Гора, а истиот се одржува во поединечна конкуренција.

Нашите натпреварувачи не успејаа да ги поминат натпреварите по групи и немаа можност да се пласираат во борбите за медали. На покана од претседателот на Параолимпискиот комитет на Бугарија, Илија Лалов и претседателот на Параспорт клуб Черно Море – Никеа, Маријан Маринов, со екипата патуваа претседателот и генералниот секретар на ПКСМ, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиновски.

Средства за учество на овој натпревар беа обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади, и од Министерството за спорт.