НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Истакнати спортисти

Бранимир Jовановски

  • Златен медал од Параолимписки игри во Барцелона – 1992 година
  • Светски и олимписки рекордер во воздушен пиштол
  • Учесник на 4 Параолимписки игри:
    • 1-во место во Барцелона – 1992 година
    • 8-мо место во Атланта – 1996 година
    • 6-то место во Сиднеј – 2000 година
    • 5-то место во Атина – 2004 година
  • Учесник на 5 Светски првенства и освоени екипни 2 сребрени и 1 бронзен медал
  • Учесник на 8 Европски првенства и освоени екипни 2 златни, 3 сребрени и 5 бронзени медали
  • Преку 30 медали од Европски купови и други меѓународни првенства
  • Државен првак на СФРЈ – 1990 и 1992 година, вицешампион во 1989 и 1991 година
  • 14 кратен државен шампион на Македонија

Титули и признанија

  • Спортист на годината на Република Македонија за 1992 година во организација на СКОК, МРТ и други печатени и електронски медиуми
  • Повеќекратен Спортист на Македонија во организација на ФСРИМ
  • Добитник на 11-то Ноемвриска награда на град Куманово 1992 година
  • Добитник на 11-то Октомвриска награда на град Куманово – 2004 година
  • Повеќекратен Најдобар спортист на Куманово во период од 1992 до 2005 година
  • Великан на Македонскиот Олимписки Комитет

 

Оливера Наковска Бикова

Позначајни резултати

  • Златен медал од Европско првенство во Данска – 2001 година
  • Европска рекордерка
  • 3 сребрени медали од Европско првенство во Вроцлав 2005 година и Сул – 2007 година
  • Сребрен медал од Светско првенство во Сарганс – 2006 година
  • 6-то место на Параолимписки игри во Атина – 2004 година
  • Учесник на 2 Светски првенства и освоени екипно 1 сребрен и 1 бронзен медал
  • Учесник на 4 Европски првенства:
    • 1 златен и 3 сребрени медали – поединечно
    • 2 сребрени и 4 бронзени медали – екипно
  • Преку 10 медали од Европски купови и други меѓународни првенства
  • Повеќекратен државен шампион на Македонија
  • Апсолутна рекордерка на Република Македонија во дисциплината – воздушен пиштол

Ванчо Каранфилов

Позначајни успеси

  • Сребрен медал од Параолимписки игри во Атина – 2004 година
  • Изедначен Европски рекорд
  • 5-то место на Параолимписки игри во Сиднеј – 2000 година
  • Учесник на 3 Светски првенства:
    • 1 сребрен медал и 1 бронзен медал – поединечно
    • 1 сребрен и 1 бронзен медал – екипно
  • Европски шампион од Данска – 2001 година
  • Учесник на 5 Европски првенства:
    • 1 златен медал – поединечно
    • 2 сребрени и 5 бронзени медали – екипно
  • Преку 25 медали од Европски купови и други меѓународни првенства
  • 9 кратен државен шампион на Македонија

Титули и признанија

  • Спортист на годината на Република Македонија за 2004 година во организациа на Сојуз на спортови на РМ, ФФК, МРТ и други печатени и електронски медиуми
  • Повеќекратен Спортист на Македонија во организација на ФСРИМ
  • Двократен добитник на 13-то Ноемвриска награда на град Скопје

Великан на Македонскиот Олимписки Комитет

Вангел Жабев

Позначајни успеси

  • 2 бронзени медали од Параолимписки игри во Арнхем – 1980 година
  • Учесник на Отворено првенство на Полска – 1977 година:
    • 4 златни медали – поединечно (50м слободно, 50м градно, 50м грбнои 3х50м мешано)
  • Учесник на повеќе меѓународни првенства
  • Државен првак на СФРЈ во пливање
Сашо Панов

 Позначајни успеси

  • Светски шампион во алпска комбинација – Франција 1973 година
  • 9-то место во слалом на првите Параолимписки игри во Ерншелдсвик – Шведска 1976 година
  • Трикратен државен првак на СФРЈ – 1972 и 1973 година во слалом, велеслалом и алпска комбинација
  • Младински вицешампион на СФРЈ во пинг-понг 1959 година
Рагми Арифовски

 

Позначајни успеси

  • Златен медал од Светско првенство во голбал 1986 година – Роермонд, Холандија