ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ 2018 (први 2 кола)

1На 27.10.2018 година се одржаа првите две кола од Лига на Македонија во пинг понг за спортисти со инвалидност. Домаќин на натпреварот беше Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, главен судија Мики Трендафиловски, комесар на лигата Драган Дојчиноски, а натпреварот го отвори Генералниот секретар на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, Александар Димковски, кој во името на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги поздрави присутните спортисти и им посака фер и коректна борба, како и успех.

На табелата по две одиграни кола, на делба на првото место се наоѓаат екипите на ССРИ Куманово и ССРИ Кисела Вода-Скопје, третото место го делат екипите на ССРИ Прилеп и ССРИ Битола со по 2 поена, додека петтото место го делат екипите на ССРИ Струмица и ССРИ Скопје II, без освоени поени.

Лигата продолжува на 17.11.2018 години, а домаќин на следните две кола ќе биде ССРИ Прилеп.