ALBALOOSHI Mahmood, спортист од Дубаи на тренинг во Охрид

1Дваесет и двегодишниот спортист во атлетика АLBALOOSHI Mahmood од Дубаи, заедно со неговиот тренер Nejib Mechkane беше на завршни подготовки во Охрид пред заминување на Светското првенство во атлетика кое од 14-23.07.2017 година ќе се одржи во Лондон на олимпискиот стадион.
Ценејќи ја воспоставената добра соработка, на 08.07.2017 година го посетивме спортистот за време на неговите подготовки и во разговорот со неговиот тренер Nejib Mechkane за кој дознавме дека исто така е и меѓународен класификатор за атлетика и најверојатно ќе го поканиме на следните републички спортски игри да изврши рекласификација на нашите спортисти кои немаат меѓународна класификација, ги слушнавме нивните очекувања од учество на првенството, но и условите во кои се подготвуваат, за што искрено ни се заблагодарија.


Исто така лобиравме и за можна донација во спортска опрема, меѓутоа според зборовите на Nejib, таа табота треба да ја дискутираме со господинот Thani Juma Berregad, претседател на клубот од Дубаи кој ќе биде во еднонеделна посета на Македонија на почетокот на месец август, во кој период очекуваме работен состанок на кој поред другото сакаме да му се заблагодариме за гостопримството во месец март и да ја зацврстиме нашата соработка.