|
Тренинг камп за пингпонгари во Охрид |
|
Напишано од Administrator
|
|
7.10.2009. |
|
Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет ќе организира тренинг камп за нашите врвни пингпонгари во Охрид од 09-14.10.2009 година. Сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија е донатор на сместувањето кое ќе биде организирано во гарсоњерите во Охрид, а останатите трошоци за организација и спроведување на активностите се на терет на ФСРИМ-МПК. Со пингпонгарите ќе работат тренерот Ѓорѓе Бошњаковиќ од Нови Сад, Србија и селекторот на македонската репрезентација во пинг понг за инвалиди, Страшко Коцевски од Куманово. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Подготовки на стрелците во Србија |
|
Напишано од Administrator
|
|
7.10.2009. |
|
Како плод на воспоставената билатералната соработка помеѓу стрелачките репрезентации на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет и Параолимпискиот комитет на Србија, ќе се организира тренинг камп на кој ќе учествуваат нашите врвни стрелци и врвните стрелци од Србија и тоа од 07-12.12.2009 година во Смедерево и Белград. Всушност тренинг кампот ќе се реализира во Смедерево, а во Белград стрелците ќе настапат на меѓународниот натпревар “Белградски победник”. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Генерално Собрание на Европски параолимписки комитет |
|
Напишано од Administrator
|
|
7.10.2009. |
|
Претседателот на ФСРИМ-МПК, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар, Драган Дојчиноски, присуствуваа на изборната седница на 8-то Генерално Собрание на Европските параолимписки комитети кое од 18-20.09.2009 година се одржа во Виена, Австрија. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Доделени стипендии на 13 млади спортисти |
|
Напишано од Administrator
|
|
7.10.2009. |
|
Во рамките на одлуката на Владата на Република Македонија за стипендирање на 500 млади и надежни спортисти, ФСРИМ-МПК се избори тринаесет млади спортисти со инвалидност во наредната година да примаат спортска стипендија во износ од 20% од просечната месечна плата во РМ. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Државно првенство во атлетика |
|
Напишано од Administrator
|
|
7.10.2009. |
|
На градскиот стадион во Велес на 12.09.2009 година се одржа Државното првенство во атлетски повеќебој (фрлачки дисциплини) за спортисти со инвалидност во организација на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет. Натпреварите се спроведоа во шест категории и тоа: мажи класи Ф11-Ф13, мажи класи Ф37,42,44,46, мажи класи Ф53-Ф56, мажи глуви и останата инвалидност, жени Ф42-Ф46, жени класи Ф55-Ф58. За ова првенство, по урнекот за составување на спортисти за учество на државни првенства во стрелаштво, Стручната комисија определи помал број на учесници бидејќи зазеде став на првенството да учествуваат само спортистите кои на регионалните натпревари ги исполнија пропишаните норми. На државното првенство беа постигнати следните резултати и пласмани: |
|
Последно ажурирање ( 7.10.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Млад спортист - спортска надеж |
|
Напишано од Administrator
|
|
7.08.2009. |
|
Во рамките на спроведување на член 37-а од Законот за спорт и член 6 од Уредбата за условите, критериумите и начинот на доделување на категорија спортист - спортска надеж, Агенцијата за млади и спорт ќе додели стипендии на најуспешни спортисти - младинци и младинки до 20 години во сите спортови за 2009 година. За таа цел ФСРИМ - МПК до своите организации - членки доставува барање за собирање на предлози за млади инвалидни лица кои постигнуваат високи резултати во било кој спорт. Предлозите треба да бидат доставени до 11.08.2009 година (вторник) на адреса на ФСРИМ - МПК (ул.„11 Октомври 42а, 1000 Скопје) или на факс 02 3 163 551. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
|
| Резултати 12 - 22 од 36 |