tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 82 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1822093
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ „БУРГАС 2018“

1Во Бургас, од 13-15.09.2018 година, во организација на Бугарскиот параолимписки комитет, се одржа меѓународен пингпонгарски турнир за лица со инвалидност, на кој настапија натпреварувачи од три држави: Македонија, Црна Гора и Бугарија.

На покана на Бугарскиот параолимписки комитет, нашата репрезентација ја сочинуваа спортистите: Страшко Коцевски-тренер и спортист, Рубинчо Ристески, Марјан Зафировски и Зоран Трајановски. Во состав на екипата беа и Бранимир Јовановски-претседател на Одборот за параолимписки игри при федерацијата и Драган Дојчиноски-генерален секретар на федерацијата.

Натпреварот се спроведе во поединечна конкуренција и во парови, а на крај беа прогласени и севкупните победници.

Повеќе...
 
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО СТРЕЛАШТВО 2018

6На 09.09.2018 година, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид се одржа Државното првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност на Македонија за 2018 година.
На првенството по посебни категории настапија 13 спортисти со телесен инвалидитет во три спортски дисциплини и 15 спортисти со оштетен слух во три спортски дисциплини.
Судии на натпреварот беа: Валентина Гоџовска, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски, а натпреварот помина во фер и спортска атмосфера.
Средства за одржување на овој натпревар беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за млади и спорт.

Постигнати резултати:

Повеќе...
 
ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ, ДАРКО КАЕВСКИ, ВО ПОСЕТА НА ПАРАОЛИМПИЈЦИТЕ

128.07.2018

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денес ги посети спортистите стрелци за време на одржување на последниот контролен натпревар помеѓу нашите стрелци и стрелецот Saeed Obaid од Дубаи.

На контролниот натпревар во квалификациите беа постигнати следните резултати:

1.Ванчо Каранфилов 94. 88. 90. 94. 88. 96 = 550
2. Мирослав Славковиќ 92. 88. 90. 89. 94. 91 = 544
3. Блаже Тофиловски 91. 93. 90. 90. 83. 89 = 536
4. Saeed Obaid 85. 88. 87. 85. 87. 92 = 524
5. Стефан Стојковски 89. 79. 93. 87. 77. 77 = 502

Повеќе...
 
«ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај»

Страница 11 од 60
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo