tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 84 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1820107
Оливера по квалификациите прва со резултат од 572 круга, а по финалето 4-то место

1НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРД ОД 572 КРУГА

На интернационалното првенство на Хановер, нашата спортистка Оливера Наковска - Бикова во дисциплината Р2 - воздушен пиштол жени, го освои 4-тото место.

По квалификациите, со нов рекорд на Македонија од 572 кругови, што всушност претставува втор по вредност светски резултат (прв е само светскиот рекорд на иранката Сарах од 577 кругови). Оливера заврши меч без ниту еден кикс, ниту еден погодок под деветка, што е реткост во стрелаштвото и карактеристика само на вистинските мајстори на спортот.

Во финалето перформансите на изведбата не беа на висина на квалификациите. Сето тоа е очекувано заради преголемиот стрес во кој се наоќаат финалистите. Се случи еден лош погодок, потоа уште еден и таа разлика беше тешко да се надополни во преостанатиот дел од натпреварот. Меќутоиа, Оливера се обидуваше да поправи што може да се поправи и да опстане што подолго во финалето. На крајот го освои 4-тото место, заостана самое еден чекор зад третото место кое значи и освојување на медал.

Повеќе...
 
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА НА МССФ СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ-МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА

1На 09.03.2019 година во Битола, во организација на Македонската спортска стрелачка федерација се одржа државното првенство во стрелаштво со воздушно оружје - меѓународна програма. На првенството настапија и македонските параолимпијци во стрелаштво, кое им послужи и како контролен натпревар пред следните настапи на меѓународна сцена во месец мај.

Најдобар резултат од параолимпијците постигна Оливера Наковска Бикова која го освои 1-то место во конкуренција жени сениорки со резултат од 565 кругови (тоа беше највисок резултат на целото првенство во двете конкуренции мажи и жени пиштол). 
Александар Јовановски стрелаше 549 кругови, а Ванчо Каранфилов 547 кругови.

Постигнати резултати:

Повеќе...
 
ССРИ Куманово го одбележа меѓународниот ден на спортот со натпревар во пинг понг

1На 06.04.2019 година во спортската сала во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово се одигра пингпонгарски двомеч помеѓу екипите на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово за кој настапија Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ и Зоран Трајановски (минатогодишни шампиони во лигата на Македонија во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет) и Пингпонгарскиот клуб Куманово од Куманово за кого настапија Давор Стојановски, Цобе Јаневски, Милан Додевски и Игор Маневски. Победи екипата на ППК Куманово со резултат 5:0.
Судија на натпреварот беше Ненад Додевски, а делегат Мики Трендафиловски. 

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 1 од 60
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo