Информација за заминување на репрезентацијата

  • PDF

pressСтрелачката репрезентација на Националната федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет во состав: Бранимир Јовановски селектор, тренер и стрелец, Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов, и Лидија Крстеска – стрелци, Далибор Јовановски – асистент и Драган Дојчиноски – генерален секретар на НФСРИМ-МПК од 15-25.07.2010 година ќе учествува на Светското првенство во стрелаштво што ќе се одржи во Загреб, Хрватска.

Селекторот Јовановски планира репрезентацијата на пат за Загреб да замине три дена порано како би можеле да се адаптираат и да тренираат на стрелиштето во Врапчански поток.

Првиот настап на нашите репрезентативци е на 19.07.2010 година во дисциплината спорт пиштол во која ќе настапат Бранимир Јовановски, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, поединечно и екипно.

На 21.07.2010 година се стрела дисциплината слободен избор во која ќе настапат Бранимир Јовановски, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, поединечно и екипно.

На 22.07.2010 година настапуваат Оливера Наковска-Бикова и Лидија Крстеска во дисциплината воздушен пиштол жени.

На 23.07.2010 година настапуваат Бранимир Јовановски и Ванчо Каранфилов во дисциплината воздушен пиштол мажи.

Последен настап нашите спортисти ќе го имаат на 24.07.2010 година

Со оглед на високите спортски постигнувања од Светските купови кои се одржаа во месец мај, спроведените подготовки и искуството на нашите спортисти, без оглед на сите проблеми во однос на немање на доволно средства за затворање на финансиска конструкција, недостаток на опрема и муниција, се очекуваат високи резултати и освојување на медали во поединечна и екипна конкуренција, но и квоти за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012 година. НФСРИМ-МПК доби финансиска подршка од Агенцијата за млади и спорт за учество на меѓународни натпревари во 2010 година во износ од 750.000,00 денари, Голема благодарност до спонзорот “Макпрогрес” од Виница, кој донираше спортска опрема (тренерки, маици, патики) во кои ќе настапат нашите репрезентативци на светското првенство.
 
press
You are here