Нашите Параолимпијци во Пекинг

peking2Нашата Параолимписка репрезентација пристигна во Пекинг. По сместувањето во Олимпиското село, се одржа церемонија на дигање на Македонското знаме и интонирање на Македонската химна.
На оваа церемонија присуствуваше и градоначалникот на Олимпиското село како и репрезентациите на Кипар и Зимбабве.

Стрелците имаа можност да се запознат со стрелиштето и да изведат тренинг. Според зборовите на селекторот - Бранимир Јовановски, спортистите се чувствуваат одлично и се полни со енергија за освојување на високи пласмани. 

You are here