Нарачка на пиштоли

  • PDF
Нарачани три пиштоли Steyr LP 10 за македонските параолимпијци
На состанокот одржан на 14.08.2007 година, директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Ивица Георгиевски, вети дека ќе обезбеди средства за набавка на ново оружје за настап на македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди на Параолимписките игри што ќе се одржат во Пекинг од 06 -17.09.2008 година. Се очекува на Параолимписките игри во спортско стрелаштво да настапат: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски.

Деновите ја уплативме фактурата за набавка на 3 воздушни пиштоли марка Steyr LP 10 silver, а според дописот од произведувачот од Австрија истите треба да пристигнат во Македонија кон средината на месец јануари. Ова е уште една можност силно да се заблагодариме на Агенцијата за млади и спорт која благовремено ни овозможи спортските реквизити да ги добиеме на почетокот на подготовките за Пекинг.

 

Останатите 3 малокалибарски пиштоли слободен избор, ќе бидат набавени на почетокот на 2008 година по добивањето на вториот дел од средствата за таа намена од Агенцијата за млади и спорт.

 

You are here