Меѓународни настапи

  • PDF

И покрај ограничените услови (пред се' од финансиските потешкотии) во кои се одвива тренажниот процес и самото спортување на инвалидизираните лица во нашата држава, НФСРИМ - МПК благодарејќи на постигнатите резултати на своите спортисти од разни домашни и меѓународни првенства, од година во година бележи се' поголем подем и е една од ретките спортски Федерации во Република Македонија која може да се пофали дека во своите редови има освојувачи на медали од Параолимписки игри, Светски и Европски првенства, како и од други меѓународни првенства, а во своите редови го има и засега единствениот светски и параолимписки рекордер во Македонија. Спортистите инвалиди кои настапиле на меѓународни натпревари од највисок ранг преку ФСРИМ освоиле преку 120 медали, податок кој ја сврстува НФСРИМ - МПК меѓу најуспешните спортски федерации во Република Македонија. Секако дека најпознатите спортисти од редовите на НФСРИМ - МПК кои воедно оставија траен белег во историјата на македонскиот спорт се:

  • Сашо Панов, Скопје - слалом
  • Вангел Жабев, Велес - пливање
  • Бранимир Јовановски, Куманово - стрелаштво
  • Ванчо Каранфилов, Скопје - стрелаштво
  • Оливера Наковска Бикова, Битола - стрелаштво
  • Ифраим Љута, Тетово - атлетика
  • Митко Фидановски, Битола - стрелаштво
  • Рагми Арифовски, Куманово - голбал

Развојни предвидувања

Како спортска организација, една од целите на НФСРИМ - МПК е грижа за врвниот спорт што само по себе подразбира обезбедување на услови и овозможување на квалитетен, програмиран, спроведен од стручни лица тренажен процес. Како резултат на таквата политика, НФСРИМ - МПК денес покрај сеуште активните и од највисок квалитет горе опишани спортисти стрелци, денес ги има Тони Саканарски од с. Митрашинци - Берово (спортист во атлетика - трки со колички 100, 200 и 400 метри), Рубинчо Ристески од Прилеп (спортист во пинг-понг) и Александар Талески од Дојран (спортист во атлетика), млади и надежни спортисти кои допрва ќе ги покажат своите спортски вредности на меѓународно поле. Овде се наведени само неколку имиња на млади спортисти инвалиди, но списокот на потенцијални кнадидати во разни спортови и спортски дисциплини е голем.

За време на периодот за кој се однесува развојната програма, ќе се одржат Параолимписките игри во Пекинг 2008 година, на кои НФСРИМ - МПК планира да испрати најмалку 3 натпреварувачи во стрелаштво и 1 во атлетика.

Во периодот 2007 - 2012 година ќе се одржат и три Европски првенства (2007, 2009 и 2011 година) како и едно Светско првенство (2010 година) во повеќе спортови. На овие првенства кои едновремено се и од квалификациски карактер за учество на Параолимписки игри, НФСРИМ - МПК планира да учествува со поголем број на натпреварувачи кои со своите спортски постигнувања ќе го заслужат тоа.

You are here