tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 84 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1820065
Историја PDF Печати Е-пошта
На 13.06.1965 во инвалидското одмаралиште Сутјеска во Охрид беше одржана оснивачка конференција на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија во состав на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Југославија. За прв претседател е избран Бојко Затенко, а во понатамошниот тек на работењето за претседатели биле бирани Реиз Шаќири, Киро Менков, Ангел Мојсовски, Проф.д-р. Никола Христов, Бранимир Јовановски и Коце Димов.

Особена заслуга за развојот на спортот на инвалидите во Република Македонија имаат стручните лица кои долги години работеа на спроведувањето на спортските програми во улога на спортски работници, особено Панче Пандилов, секретари Славко Јовевски, Ивица Гласновиќ, Саво Герасимовски, Темелко Дојчиноски, како и сегашниот секретар на НФСРИМ - МПК, Драган Дојчиноски.

Федерацијата ги прилагодувала своите акти и го менувала својот назив согласно законските прописи во врска со Законот за здруженија на граѓани и фондации, Законот за инвалидски организации и Законот за спорт. Денес полниот назив на организацијата е: Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонски Параолимписки Комитет.

 
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo