ЕКИПНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ

1На 02.12.2018 година, во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, во чест на одбележувањето на 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Македонскиот параолимписки комитет го одржа екипното државно првенство во шах за лица со инвалидност. Настапија 4 екипи, а годинава редоследот изгледаше вака:
1.Сојуз на цивилни инвалиди од војната со 3 победи
2.Сојуз на слепи лица на РМ 2 победи
3. Мобилност Македонија 1 победа
4. Сојуз на глуви лица на РМ 0 победи
Претседателот Тихо Русовски го предаде преодниот пехар на капитенот на победничката екипа, Мусли Пајазити

You are here