ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ

  • PDF

2На 07.10.2018 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци се одржа државното првенство на Македонија во пинг понг за лица со инвалидност во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски Параолимписки Комитет.
На првенството зедоа учество 23 спортисти со телесен инвалидитет поделени во 4 категории и 8 спортисти со оштетен слух (по 4 во машка и ви женска конкуренција).
За жал, неколку квалитетни спортисти, освојувачи на медали (пред се Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ од Куманово, како и Оливера Наковска-Бикова и Томи Јаневски од Битола)), не учествуваа на натпреварот поради повреди и други причини, но таков е спортот, шансите секогаш ги искористува некој друг спортист.
На првенството, иако во сениорска конкуренција, учествуваа и три млади спортисти (Костадин Николов, Кристијан Божиновски и Ивана Трајкова), стипендисти на Агенцијата за млади и спорт на РМ.
По исклучително фер и коректна борба, беа постигнати следните резултати по класи:

МАЖИ - телесен инвалидитет
Класа 3-5
1. Бранимир Јовановски-Куманово;
2. Муштеба Амети - Охрид;
3. Зоран Јовановски - Струмица;
4.Илчо Кангов - Гевгелија;
5. Басил Росомански - Кавадарци

Класа 6-8
1. Рубинчо Ристески - Прилеп;
2.Тони Митровски - Скопје;
3. Марјан Зафировски - Скопје
4. Игорчо Постолов - Струмица
5. Васко Стефановски - Битола
6.Николчо Делов - Кавадарци;
7. Костадин Николов - Струмица;
8. Ванчо Каранфилов - Скопје

Класа 9-10
1. Дејан Алексовски - Скопје;
2. Митко Сотироски - Охрид;
3. Зоран Трајановски - Скопје;
4. Вјечислав Корјакин - Скопје;
5. Кристијан Божиновски - Скопје;

ЖЕНИ - телесен инвалидитет
Класа 6-10
1. Лилјана Мицовска - Кочани;
2. Олга Ристовска - Скопје;
3. Наташа Црвенковска - Битола;
4. Магдалена Делова - авадарци;
5.Тајна Ристеска - Прилеп.

МАЖИ-оштетен слух
1.Илчо Јанчевски - Гостивар;
2.Васко Марков - Скопје;
3.Тихо Русовски - Скопје;
4.Оливер Пејчиќ - Гевгелија

ЖЕНИ-оштетен слух
1. Нина Пејчиќ - Гевгелија;
2. Ивана Трајкова - Скопје;
3. Маја Маркова - Скопје;
4. Татјана Чечерова - Куманово.

По завршување на првенството, претседателот на федерацијата Тихо Русовски и генералниот секретар Драган Дојчиноски, на најдобрите три спортисти по класи им беа доделени медали, а потоа беше организиран заеднички ручек. Средства за ова првенство беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Агенција за млади и спорт на РМ.

You are here