Организација

  • PDF
Највисок орган на ФСРИМ е Собранието кое брои 35 претставници кои на конститутивната седница избираат претседател на ФСРИМ, Извршен одбор од 11 члена и Одбор за контрола од 3 члена. Изборни седници на Собранието се одржуваат на секои четири години, во годината непосредно по завршувањето на летните Параолимписки игри.

Спортската програма, Календарот на спортсдки натпревари, планирањето, организирањето и одржувањето на првенствата, разгледувањето на правилата и пропозиции по одделни спортови и категории на инвалидност се во надлежност на Стручната комисија која брои 5 члена.

Во рамките на Федерацијата делуваат 20 општински сојузи за спорт и рекреација на инвалидите и истите според географската местоположба се регионализирани во три региони со седишта на регионите во Скопје, Битола и Куманово:

- Во првиот регион: „Кисела Вода“, „Чаир“, „Гази Баба“, „Центар“, „Карпош“ (сите од Скопје), Тетово и Гостивар.
- Во вториот регион: Куманово, Велес, Штип, Кочани, Гевгелија и Струмица.
- Во третиот регион: Битола, Прилеп, Кавадарци, Струга, Охрид, Ресен и Кичево.

You are here