ПРИЕМ НА СВЕТСКАТА РЕКОРДЕРКА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА ВО АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

  • PDF

1Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на 22.05.2018 година ја прими носителката на бронзениот медал од Светското првнство во Чеонгју, Кореја и светска рекордерка, Оливера Наковска-Бикова. Во делегацијата беа нејзиниот тренер Бранимир Јовановски, генералниот секретар на Македонскиот параолимписки комитет, Драган Дојчиноски, и стрелците Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски.

Оливера Наковска Бикова ги искажа своите импресии и задоволство со постигнатите резултати во сите три спортски дисциплини во кои настапи, особено освоената директна квота за следните Параолимписки игри во Токио 2020. Тренерот Јовановски пред директорот ги апострофираше проблемите и потребите со кои се соочуваме при реализација на тренажниот процес и што не очекува до крајот на годината, генералниот секретар побара агенцијата да овозможи набавка на три електронски линии за стрелаштво како нашите стрелци би имале поблиски услови за тренинг со оние со кои се соочуваат на меѓународни натпревари, а двајцата стрелци ги искажаа нивните импресии од настапот на светското првенство.

Директорот Каевски ја искажа подршката што Агенцијата за млади и спорт ја обезбедува за нашата трофејна репрезентација, посебно обрнувајќи внимание на посебната поддршка што ќе ја добие Оливера Н.Б. во натамошниот период како олимписки кандидат, во однос на тренажниот процес и настап на меѓународни натпревари. Истакна дека агенцијата ќе го финансира следниот настап на параолимпијците на Светскиот куп во Франција, кој е од квалификациски карактер за учество на Параолимписките игри во Токио 2020.

 

You are here