Екипно првенство во шах 2017

  • PDF

5По повод 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, традиционално, во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ се одигра шаховски четворомеч помеѓу екипите на:
1. Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Македонија
2. Национален сојуз на слепите на Македонија
3. Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија
4. Национален сојуз на глуви и наглуви на Македонија
Во спортска, но пред се’ пријателска атмосфера, конечниот резултат е следен:
1 место - Екипата на Националниот сојуз на слепите на Македонија со освоени 10 поени
2 место - Екипата на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Македонија со освоени 8 поени
3 место - Екипата на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија со освоени 5 поени
4 место - Екипата на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија со освоен 1 поен

You are here