ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2017, ЛАШКО, СЛОВЕНИЈА

  • PDF

1Од 26.09-05.10.2017 година, во Лашко, Словнија се одржува ЕВропско првенство во пинг понг за спортисти со инвалидност во организација на Параолимпискиот комитет на Словенија (Sports Federation for the Disabled of Slovenia - Paralympic Committee of Slovenia). 

На првенството се пријавени 460 учесници од кои 295 (214 мажи и 81 жена) натпреварувачи и 165 тренери, асистенти и службени лица. Спортистите се поделени во 11 категории според инвалидност во конкуренција на мажи и на жени пооделно. Учесниците се сместени во два хотела : HOTEL ZDRAVILISCE LAŠKO**** и HOTEL WELLNESS PARK LAŠKO ****, во непосредна близина на спортската сала „Три лилјани“ во Лашко, во која се играат натпреварите.
Натпреварите се играат на маси San - Ei blue, Premium wheelchair, 


ITTF approved, со мрежичка SAN-EI, бели топчиња XUSHAOFA ***, на под од црвен taraflex. Сите табли се прилагодени за спортисти во инвалидска количка.
Македонскиот параолимписки комитет на Европското првенство во Словенија го претставуваат двајца учесници и тоа: 
Страшко Коцевски (класа 10) од Куманово - селектор и натпреварувач) и Рубинчо Ристески (класа 8) од Прилеп-натпреварувач.
Подетални информации за натпреварот, како и слдење на настапите на спортистите можете да гледате на:
Фејсбук страната: www.facebook.com/EPINT2017
Твитер: twitter.com/epint2017
Јутјуб: https://goo.gl/E2Jmz7 (Livestream) 
Веб страна: www.epint2017.com

Натпреварите во групи поединечно се играат на 28 и 29.09.2017.

Резултати по групи:

I коло
GBR~SHILTON,Billy : MKD~RISTESKI,Rubinco 3 : 0 (11:4. 11:6, 11:3)
MNE~RADOVIC,Filip : MKD~KOCEVSKI,Strasko 3 : 0 (11:4, 11:7, 11:3)

II коло
MKD~RISTESKI,Rubinco : HUN~ZBORAI,Gyula Istvan 3 : 0 (без борба, службено)
MKD~KOCEVSKI,Strasko : IRL~DAVIS,Thomas Anthony 0 : 3 (2:11, 2:11, 3:11)

III коло
UKR~DIDUKH,Viktor : MKD~RISTESKI,Rubinco 3 : 0 (11:2, 11:2, 11:4)
CZE~KARABEC,Ivan : MKD~KOCEVSKI,Strasko 3 : 0 (11:1, 11:1, 11:2)

Во екипниот дел нашите натпреварувачи вкрстуваат со репрезентациите на Русија и Холандија. Натпреварите се играат на 01 и 02.10.2017 година:

I коло
РУСИЈА : МАКЕДОНИЈА 2:0

II коло
ХОЛАНДИЈА : МАКЕДОНИЈА 2:0

You are here