ЈАВЕН НАСТАН ВО МКЦ „Очи за еднаквост“

  • PDF

7Еден од најуспешните параолимписки пливачи во светот, лордот Крис Холмс од Ричмонд, Велика Британија кој е добитник на девет златни, пет сребрени и еден бронзен медал, по бројните мотивирачки говори на ТЕД-конференциите низ светот, овој голем борец за социјална инклузија на лицата со попреченост денес во Скопје одржа мотивациски говор споделувајќи ја својата инспиративна животна приказна на јавниот настан „Очи за еднаквост“организиран во Младинскиот културен центар – Скопје, во присуство на голем број посетители, благодарение на организаторот Хелсиншкиот комитет за човекови права и Британската амбасада во Скопје.

Целта на настанот беше подигање на свеста во општеството за способностите што ги имаат лицата со попреченост и нивно мотивирање за активно учество во општествениот и културниот живот. Настанот беше во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, поддржан од Британската амбасада во Македонија.

За своите искуства во спортот во Република Македонија говореше македонскиот параолимпиец Бранимир Јовановски кој ја сподели својата животна приказна, проблемите и предизвиците кои му ги наметнала инвалидноста пред кои застанал исправено, пркосењето на инвалидноста, осознавањето и макотрпните тренинзи во спортско стрелаштво кои вродија со плод и го детерминирааѕ како еден од поуспешните спортисти во Република Македонија, освојувач на медали од Параолимписки игри, светски и европски првенста, светски купови и други меѓународни првенства, добитник на бројни признанија, великан на македонскиот олимписки комитет, носител на највисокото државно Национално признание за афирмација на РМ во светот, најдобар спортист на Македонија, најдобар тренер на Македонија, успешен тренер на параолимпијци освојувачи на медали, борец за правата на лицата со инвалидност во РМ, како и за целосната поддршката која ја има од семејството, од сопругата Јадранка и децата Далибор и Александра.
На присутните им се обрати и Вангел Тркаљанов кој се занимава со параглајдерство. 
Пораки за инклузија, антидискриминација и правда споделија Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Македонија и Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Модератор на настанот беше новинарката Ана Јовковска.

You are here