ЕКИПНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2016

1ЕКИПНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2016

На 26.11.2016 година, по повод одбележување на „3-ти Декември“-Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија-Македонски параолимписки комитет, во ДХО “Даре Џамбаз” се одржа екипното првенство во шах за лица со инвалидност на Македонија. 
На првенството настапија екипите на 4 Национални инвалидски организации на Македонија составени од по 4 натпреварувачи. 


Првото место, со освоени 8 поени, го освои екипата на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во состав: Јанчо Ѓорѓевски од Куманово, Мирослав Бучевски од Скопје, Адем Неби од Скопје и Љупчо Филипов од Кочани.
На второто место, со освоени 7,5 поени, се пласира екипата на Националниот сојуз на слепи на РМ, на третото место, со освоени 6,5 поени, екипата на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на РМ и на четвртото место со освоени 2 поени се пласира екипата на Националниот сојуз на глуви на РМ.
Преодниот пехар на капитенот на победничката екипа на Мобилност Македонија, Јанчо Ѓорѓевски му го врачи претседателот на НФСРИМ-МПК Тихо Русовски.

You are here