ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ 2016

  • PDF

4ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ 2016

На 08.10.2016 година, во Скопје се одиграа последните две кола од Лигата на Македонија во пинг понг за лица со телесен инвалидитет. По одиграни десет кола, првото место го освои екипата на ССРИ Куманово со освоени максимални 20 поени. На второто место се пласира екипата на ССРИ Прилеп со 14 поени и подобра сет разлика од третопласираната екипа на ССРИ Кисела Вода која освои исто така 14 поени, но имаше послаба сет разлика.
Четвртото место и припадна на екипата на ССРИ Струмица со 6 поени, колку што освои и петопласираната екипа на ССРИ Скопје, а на последното, шесто место, се пласира екипата на ССРИ Битола без освоени поени.


Пехарот на победничката екипа на ССРИ Куманово во состав: Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ и Зоран Трајановски, го предаде Проф.др. Горан Никовски.

You are here