РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ СО АКАДЕМИК ДР ЖАН МИТРЕВ ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ФИЛИП ВТОРИ

  • PDF

1РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ СО АКАДЕМИК ДР ЖАН МИТРЕВ ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ФИЛИП ВТОРИ

Годинава во Рио Де Жанеиро - Бразил ќе се одржат 31-ви Олимписки и 15-ти Параолимписки игри. Терминот на одржување на Параолимписките игри е од 07- 18.09.2016 година. Република Македонија на Параолимписките игри во Рио ќе ја претставува шест члена делегација од кои: еден шеф на мисија, двајца спортисти, еден тренер во спортско стрелаштво, еден доктор и еден помошник тренер. 
Нашиот параолимписки тим се состои од спортисти кои ќе се натпреваруваат во спортско стрелаштво во дисциплините: воздушен пиштол, спорт пиштол и пиштол слободен избор. Параолимпискиот тим на Р.Македонија заминува за Бразил на 30.08.2016 г. После еднонеделно привикнување и подготвителни тренинзи, следи започнувањето со свечено отварање на Параолимписките игри на 07.09.2016г.


Параолимпискит тим на Р.Македонија на Параолимписките игри во Рио Де Жанеиро-Бразил 2016 г. ќе го сочинуваат:
Драган Дојчиноски, шеф на мисија, генералнен секретар на Македонскиот Параолимписки Комитет, кој оваа функција ја обавуваше и на Параолимписките игри во Пекинг 2008 и Лондон 2012.
Оливера Наковска-Бикова, спортист, освојувач на златен медал од Параолимписките игри во Лондон 2012 г. во дисциплината воздушен пиштол со постигнат светски и параолимписки рекорд, спортистка која во својата богата меѓународна кариера од 2000 година и денес има освоено преку 40 меѓународни медали меѓу кои: Европска шампионка од 2001, светска вицешампионка од 2006, трета на светските првенства 2010 и 2014 година, победничка на повеќе Светски купови и апсолутна рекордерка на Македонија со 384 кругови. Освоила бројни титули и признанија меѓу кои: Најдобар спортист на Македонија за 2012, Национално признание за афирмација на Република Македонија за 2012 и многу други.
Ванчо Каранфилов, спортист, освојувач на сребрен медал од Параолимписките игри во Атина 2004 во дисциплината воздушен пиштол со изедначен европски рекорд, спортист кој во својата богата меѓународна кариера од 1996 година и денес има освоено преку 50 меѓународни медали меѓу кои: европски шампион од 2001, светски вицешампион од 1998, трет на светското првенство 2002, победник на повеќе Светски купови, учествувал на Параолимписки игри во Сиднеј 2000, Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012. Освоил бројни титули и признанија меѓу кои: Најдобар спортист на Македонија за 2004, Великан на Македонскиот Олимписки комитет 2004, Национално признание за афирмација на Република Македонија за 2008 и многу други.
Бранимир Јовановски, тренер, кој како спортист е освојувач на златен медал од Параолимписките игри во Барцелона 1992 во дисциплината воздушен пиштол со постигнат светски и параолимписки рекорд, личен тренер на Оливера Наковска-Бикова (со која го повтори својот успех од пред 20 години, овојпат како тренер) и на Ванчо Каранфилов од почетокот на нивните кариери и денес. Како спортист во својата меѓународна кариера од 1990 година и денес има освоено преку 50 меѓународни медали, учествувал како спортист на Параолимписки игри во Барцелона 1992, Атланта 1996, Сиднеј 2000 и Атина 2004 и на сите бил во финале меѓу најдобрите осуммина. Како тренер учествувал на Параолимписките игри во Сиднеј 2000, Атина 2004 Пекинг 2008, Лондон 2012. Освоил бројни титули и признанија меѓу кои: Најдобар спортист на Македонија за 1992, Великан на Македонскиот Олимписки комитет 2002, Национално признание за афирмација на Република Македонија 2008, Најдобар тренер на Македонија за 2012 и многу други.
Др. Елвис Алексовски, доктор на параолимпискиот тим, претседател на Комисијата за анти-допинг при Македонскиот Параолимписки Комитет од 2008 Д-р. Елвис Алексовски е специјалист анестезиолог, реаниматолог, интезивист, вработен во Специјалната Болница по хируршки болести Филип Втори во Скопје, која даде сериозна, професионална логистика на Македонскиот параолимписки тим на Параолимписки Игри во Рио оваа година. Д-р.Елвис Алексовски е сертифициран од меѓународниот ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ во антидопинг логистиката на Параолимписките игри, поседувајќи соодветен сертификат за тоа. Академик Др.Жан Митрев го одобри учествувањето на д-р Елвис Алексовски во Параолимпискиот тим од 30.08-21.09.2016 и ја организира комплетната логистика која СБХБ Филип Втори ја даде на Параолимпискиот тим кој ја преставуваше Р.Македонија на Параолимписките Игри во Рио Де Жанеиро во Бразил оваа година.
Александар Келешов, помошник тренер, професор по физичко образование и кондиционен тренер, работел со параолимпијците како помошник тренер со Бранимир Јовановски во период од 1998-2003, учесник на Параолимписките игри во Сиднеј 2000 на Светските првенства во Сантандер, Шпанија 1998 и во Сеул, Кореја 2002, на бројни Светски купови. Заради професионална зафатеност во периодот од 2003 до денес не патувал со репрезентацијата, меѓутоа е постојан консултант на тренерот Бранимир Јовановски, особено во делот на физички подготовки на спортистите.
„На нашиот параолимписки тим му посакуваме спортски успеси од највисок ранг, освојување на највисоки одличја,а на докторот на тимот што помалку професионален ангажман со нашите спортисти.СБХБ ФИЛИП ВТОРИ со овој ангажман уште еднаш ја покажа својата определба за сериозна подршка на врвниот спорт,за професионална, сериозна и безпоштедна борба за најскапите човекови вредности ,како што се здравјето и животот.Логистиката која ке биде пружена на спортистите и целиот Параолимписки тим е уште една потврда за високиот хуманизам кој го поседува Академик Др.Жан Митрев.За сето тоа од срце Ви заблагодаруваме.” истакнаа претставниците на Македонскиот параолимписки комитет на денешната средба.

You are here