РАБОТЕН СОСТАНОК СО ДУБАИ КЛУБ НА СПОРТИСТИ СО ИНВАЛИДНОСТ

  • PDF

1РАБОТЕН СОСТАНОК СО ДУБАИ КЛУБ НА СПОРТИСТИ СО ИНВАЛИДНОСТ

На 20.05.2016 година во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржан работен состанок со претседателот на Клубот на спортисти со инвалидност од Дубаи, Тани Јума и негови соработници од Македонија. На работниот состанок присуствуваа: Бранимир Јовановски-претседател на Мобилност Македонија и на Одборот за параолимписки игри при НФСРИМ-МПК, Драган Дојчиноски-генерален секретар на Македонскиот параолимписки комитет, Софка Прчева-генерален секретар на Мобилност Македонија, Тани Јума-претседател на клубот од Дубаи, Софијан Абделбари-тренер во клубот по атлетика, како и нивните соработници од Македонија, доктор Маан Махмалат и Мирослав Кушовски.
Во пријатна работна атмесфера Бранимир Јовановски ги презентира целите и задачите, како и работата, активностите и успесите на Македонскиот параолимписки комитет и на Мобилност Македонија, додека Тани Јума ја претстави работата, активностите и успесите на Клубот од Дубаи, но и на Параолимпискиот комитет на Обединетите Арапски Емирати. Тани Јума истакна дека е задоволен од соработка и можноста што им ја пруживме нивните спортисти во атлетика да тренираат на атлетскиот стадион на АРМ. Тие во Македонија остануаат до крајот на мај, а потоа заминуваат на натпревар и подготовки во Брно, Чешка, за да се вратат повторно во Македонија, поточно во Охрид во месец август на завршни подготовки пред заминувањто на Параолимписките игри во Рио годинава.


Претстои продлабочување на соработката и можност на нивна покана и со нивна целосна финансиска поддршка наша спортска екипа да учествува на некој спортски настан во нивна организација во Емиратите. Првичниот контакт беше и повеќе од задоволувачки и побуди интерес кај двете страни за соработка, ширење на пријателство и почит меѓу спортистите без оглед на нивната националност, религија и вероисповед. 
Спортови кои се развиени во Клубот од Дубаи се: креванје на товар (бенч), атлетика, боќање, стреличарство (со лак и стрела) и кошарка во колички. Со оглед на разликата во спортовите кои ние ги практикуваме, очигледна е можна соработката во атлетика, меѓутоа само под услов нашите спортисти да постигнат спортски резултати приближни до минималните норми за учество на големи светски спортски настани.

You are here