Натпревар во Борско езеро, Србија во атлетика

  • PDF

1Натпревар во Борско езеро, Србија во атлетика

Од 06-08.09.2016 година, во Борско езеро, Србија, беа одржани 24-те спортски игри на Сојуз на параплегичари и тетраплегичари на Србија на кои учествуваше и екипа на Мобилност Македонија во состав: Александар Јовановски, Ристо Фотевски, Петко Петковски и Дејан Ѓорѓиевски (возач). На игрите настапија 120 натпреварувачи распоредени во 13 машки и 7 женски екипи, како и спортисти од 4 држави од регионот: Словенија, Македонија, Црна Гора, и Босна и Херцеговина.
По сумирање на резултатите во атлетика, најуспешна екипа во севкупна конкуренција беше „Крагуљ“ од Крагујевац, на второто место се пласира екипата на „Чачак“, а на третото екипата на „Шабац“. Нашите натпреварувачи екипно со освоени 27 поени (11 во атлетика и 16 во шах), го зазедоа 14-то место од 17 екипи.


Најдобрите поединци се закитија со медали и дипломи, а најдобрите екипи со пехари.

You are here