Пинг Понг 2011

  • PDF

На 16.10.2011 година во спортската сала на рекреативниот центар „Сонце“ во Прилеп се одржа државното првенство за лица со инвалидност во пинг понг во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет. Натпреварите се одржаа во фрлачки дисциплини во повеќе категории на лица со инвалидност со учество на осумнаесет натпреварувачи. На првенството присуствуваше и селекторот на македонската репрезентација во пинг понг за лица со инвалидност, Страшко Коцевски. Тројца наши натпреварувачи, Страшко Коцевски од Куманово, Рубинчо Ристески од Прилеп и Томи Јаневски од Скопје, благодарение на донацијата што ја обезбеди претседателот на НФСРИМ-МПК за двајца натпреварувачи од страна на домаќинот Хрватскиот параолимписки комитет, како и спонзорството од општина Карпош од страна на Томи Јаневски, на 19-ти октомври заминуваат на Европско првенство во пинг понг што ќе се одржи во Сплит, Хрватска, така да овој натпревар беше последна проверка на формата на нашите натпреварувачи.

По завршувањето на првенствотосе доби следниот редослед:

Мажи телесна инвалидност Класа 1-5

1. Трајче Стојановски - Скопје

2. Ристо Фотевски - Скопје

3. Муштеба Амети - Охрид

4. Зоран Јовановски - Струмица

 

Жени телесна инвалидност Класа 6-10

1. Лилјана Мицовска - Кочани

2. Олга Ристовска - Скопје

3. Снежана Танеска - Охрид

4. Магдалена Делова - Кавадарци

 

Мажи Класа 6-8

1. Рубинчо Ристески - Прилеп

2. Тома Јаневски - Скопје

3. Марјан Зафировски - Скопје

4. Николчо Мицовски - Кочани

5. Васко Стефановски - Битола

 

Мажи Класа 9-10

1. Страшко Коцевски - Куманово

2. Александар Димоски - Прилеп

3. Дејан Алексовски - Скопје

4. Димитар Илиевски - Скопје

 

Мажи глуви и останати

1. Славе Арабаџиев - Скопје

2. Зоран Мидоски - Прилеп

3. Горан Чакмаковски - Скопје

4. Мартин Ангелов - Битола

5. Мустафа Бекирвски - Куманово

           

На победниците од страна на селекторот и генералниот секретар на НФСРИМ-МПК им беа врачени медалите.

 

 

You are here