Златните параолимпијци пристигнуваат на утрешниот голем ден

8По одлука на Владата на РМ, дојде до промена на пристигнувањето на нашите параолимпијци. Тие пристигнуваат утре (08.09.2012 г.) во 11:40 часот на аеродромот „Александар Македонски“. Промената е поради нивно учество на големата свеченост по повод 21 година самостојност на Република Македонија.

По повод големиот успех на Македонскиот параолимписки тим и освојувањето на златен медал и нов светски рекорд на Оливера Наковска Бикова, Националниот Сојуз на инвалидски организации на Македонија и Сојузот на спортски федерации на Македонија, организира свечен пречек на аеродромот „Александар Македонски“.

Ве покануваме да ги пречекаме нашите златни спортисти.

You are here