Оливера Наковска Бикова - нов светски рекордер

  • PDF

olivera 2 120На денешната квалификациска сесија на Параолиписките игри во Лондон, македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова постави нов светски и параолимписки рекорд со испукани 381 кругови.

Финалето е закажано во 15 и 15 минути по локално време (16:15 по македонско време).

Предвидувањата на тренерот Бранимир Јовановски навистина се остварија. Тој пред започнувањето на Параолимписките игри изјави дека Оливера е во топ форма и дека реално е да се очекува висок пласман од неа.

Останува да и посакаме мирна рака и остро око, и на Параолимписките игри да се интонира Македонската химна, по втор пат по освојувањето на златниот медал на Бранимир Јовановски во Барцелона.

Цела Македонија е се тебе Оле!

You are here